Загреб се засили со уште еден поранешен ракометар на Вардар

Поранешниот ракометар на Вардар, Глеб Калараш денеска стана нов член на хрватски Загреб.

Рускиот ракометар кој има 35 години со Загреб потпиша двегодишен договор, а пристигнува од редовите на ПИК Сегед.

Тој е уште еден екс-вардарецк кој се одлучи да го носи дресот на Загреб, претходно во кариерата беше дел уште од: Мотор Запорожје, Санкт Петербург, Магдебург, Балинген и Мелсунген.

Заедно со него хрватскиот тим промовираше и уште еден ракометар од ПИК Сегед, Јовица Николиќ.