Македонските футсалци ја победија Литванија и на перфектен начин се пласираа во главната фаза!

Македонската футсал репрезентација со 1-0 ја совлада Литванија и со максимални три победи од три натпревари го освои првото место во групата и се пласира во втората рунда на квалификации за Светското првенство.

По победите над Бугарија и Турција, нашата футсал репрезентација славеше и над домашната селекција на Литванија.

Победивме со 1-0, со гол кој го постигна Јанев во 14. минута од натпреварот.

Македонија како првопласирана оди во главната фаза од квалификациите за Светското првенство.