Синер го освои Монте Карло и израмни рекорд на Ѓоковиќ!

Јаник Синер со 2-0 во сетови го победи Карлос Алкараз во финалето на мастерс турнирот во Монте Карло и направи нешто кое претходно му успеало само на Новак Ѓоковиќ.

Синер ги освои првите три мастерс турнири во сезоната, триумфираше на Индијан Велс, Мајами и Монте Карло. Такво нешто претходно имаше направено само Новак Ѓоковиќ, пред 11 години.

Денешното финале меѓу Синер и Алкараз иако траеше два сета беше неизвесно.

Во првиот сет се играше тајбрејк кој го доби Синер со 7-5, во вториот Италијанецот триумфираше со 6-3.