Парма ја запре победничката серија на Наполи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи не успеаја да триумфираат на гости кај Парма (1-1) и со тоа дополнително да ја намалат негативата зад лидерот Интер во Серија А.

Екипата од Неапол беше шокирана уште на самиот старт, откако Стрефеца погоди за водство од 1-0 на Парма.

Наполи доминираше во остатокот од натпреварот и до израмнување стигна по еден час игра кога Скот Мектоминеј погоди за 1-1.

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас влезе во игра во 78. минута, но заедно со неговите соиграчи не успеаја да постигнат и втор погодок.

Наполи е втор во Серија А со 66 бодови, односно шест помалку од првопласираниот Интер.

Фото: Facebook/Napoli