Де Зерби дебитираше со пораз, Тотнем е во зоната за испаѓање! (ВИДЕО)
На шест кола до крајот на сезоната Тотнем се наоѓа меѓу екипите кои ќе се преселат во Чемпионшип.
Денеска тимот на Де Зерби загуби на гостувањето кај Сандерленд со минимални 0-1.
Единствениот гол за домаќините беше дело на Мукиеле по 15 минути игра во второто полувреме.
Кристал Палас со пресврт славеше со 2-1 против Њукасл, а немаше победник на мечот меѓу Нотингем форест и Астон Вила, заврши 1-1.