Познат распоредот на ракометните кадети на Медитеранските игри
Младите ракометари ќе почнат со Црна Гора на 13 април од 10.30 часот, по што истиот ден од 15 часот ќе игра против Египет.
Следниот ден се закажани нови два дуели, и тоа против Шпанија од 9 часот и против Грција од 13.30 часот.
На 15 април следи ден пауза, по што Македонија ќе игра против Косово на 16 април од 16 часот, додека еден ден подоцна ќе се пресмета против Романија од 9 часот.