Изборија плеј-оф, а славеа како веќе да се пласирале во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хал денеска во последното коло од Чемпионшип се изборија за плејоф во кој ќе се борат за место во Премиер лигата.

Хал во последното коло на свој терен го совлада Норвич со 2-1 и така го освои шестото место на табелата. Но, по победата домашните навивачи втрчаа на теренот, а ако некој не ја знаеше ситуација сигурно можеше да помисли дека слават место во елитата.

Вака, допрва ги чека битката во која треба да слават прво во полуфиналето, потоа и во финалето за да обезбедат враќање помеѓу најдобрите. Во полуфиналетто ќе се сретнат со Милвол кој до денеска беше во игра и за директен пласман во Премиер лигата, додека во вториот полуфинале пар ќе се соочат Саутемптон и Миделсброу.

Директно место во Премиер лигата сезонава од Чемпионшип обезбедија екипите на Ковентри и Ипсвич.