ПСЖ не го победи Лориент и му даде мала надеж на Ленс (ВИДЕО)
До крајот на првенството има уште три кола, а ако Ленс слави во својот натпревар против Ница би се доближил на четири бода.
ПСЖ денеска прв поведе со голот на Мбаје, гостите до паузата преку Пабло Пажис израмнија на 1-1. Домаќините се вратија во водство кога погоди Заиер Емери, сепак Лориент не се откажа и бодот го обезбеди со голот на Ајгун Тосин.
ПСЖ ќе потсетиме в среда го чека и еден од најважниуте натпревари сезонава во кој ќе гостува на Баерн во полуфиналето од Лигата на шампионите откако во првиот дуел дома славеа со 5-4.