Башкими се огласи за состојбата на навивачот кој падна од трибина! (ВИДЕО)

За време на мечот меѓу Башкими и Вардар, навивач на кумановскиот тим падна од трибина по што веднаш беше пренесен во болница.

Башкими излезе со соопштение за состојбата на навивачот, тој е во стабилна состојба.

„Се случи неочекуван инцидент за време на натпреварот со Вардар, откако еден наш навивач падна од трибината. Му благодариме на Бог, неговата состојба е добра и стабилна. „Зелено-црното“ семејство му посакува брзо заздравување и брзо враќање на трибините да го поддржува клубот. Ќе бидеме со него“, соопштија од Башкими.

Како една чудна коинциденција стои фактот дека навивач на Башкими падна од трибина и на првиот меѓусебен дуел меѓу овие два тима кога кумановскиот тим беше домаќин.