Бутел преку драма со Тиквеш до прва победа во плеј-офот
Домаќините беа подобри на стартот од натпреварот и поведоа со четири гола разлика, сепак до пред паузата Тиквеш се врати и на одмор се замина со 11-11.
Големата борба и неизвесноста продолжи и во вториот дел и никој од ривалите не успеваше да се одлепи, па во последните три минути од дуелот се влезе со 19-19 на семафорот. Тука во клучните моменти избраниците на Стоилов сепак беа подобри и стигнаа до првата победа во разигрувањето.
Во следното коло и двете екипи ги чека тешка задача бидејќи Бутел ќе игра со Пелистер, а Тиквеш со Алкалоид.