Ренџерс го наполни голот на Фалкирк, Миовски погоди два пати (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ренџерс триумфираа против Фалкирк со 6-3 во 33. коло од шкотската лига, а два од погодоците беа дело на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Фалкирк имаше одличен почеток на натпреварот и со головите на Броџио и Јеитс стигнаа до водство од 2-0 до 26. минута. Ренџерс пред крајот на полувремето успеа да погоди преку Чуквуани за да намали на 1-2.

Миовски влезе во игра во 46. минута, а Ренџерс веднаш се разигра и за само 13 минути постигна три голови, и тоа преку Шермити, Раскин и македонскиот напаѓач.

Милер во 70. минута од пенал намали на 3-4 и ја врати неизвесноста, но истата не траеше долго затоа што Шермити погоди за 5-3, а потоа Миовски ја потврди победата во финишот од средбата.

Фото: Facebook/Rangers FC