Бразил без најдобриот голман против Хрватска и Франција

Најдобриот голман на бразилската репрезентација, Алисон Бекер нема да биде во конкуренција за настап против Франција и Хрватска.

Алисон се најде на списокот на Анчелоти и се очекуваше да настапи во натпреварите кои се подготовка за Мундијал, меѓутоа тоа нема да се случи.

Голманот не бранеше против Галатасарај во првиот натпревар во Истанбул, но се врати против Тотнем и реваншот со турскиот тим.

Сепак, сега повторно се соочил со проблем и на негово место во составот повикан е чуварот на мрежата на Коринтијас, Хуго Соуза.