Слот соопшти лоша вест, Ливерпул викендов без Салах
Египетскиот напаѓач на дуелот со Галатасарај постигна гол, запиша асистенција и промаши пенал, но дваесетина минути пред крајот побара замена, нешто што навистина ретко се случува од него.
Денеска Слот потврди дека станувало збор за повреда поради која освен што ќе го пропушти дуелот со Брајтон, нема да биде на располагање ниту на Египет.
„Чудно е што е повреден. Не е подготвен за утрешниот натпревар. Добрата вест за Ливерпул е што следува репрезентативна пауза, но тоа е лоша вест за Египет, бидејќи нема да им се приклучи. Се надеваме дека Мо, со оглед на тоа што го покажувал во минатото, брзо ќе се опорави. Тој одлично се грижи за своето тело и може да се врати побрзо од очекуваното. Историјата го покажува тоа. Две недели се доволни за такво нешто“, изјави Слот.