Aргентина го продолжи трендот, закажа дуел со 115. репрезентација во светот!

Репрезентацијата на Аргентина потврди дека во подготовките за Мундијалот на 27 март ќе играат против Мавританија во натпревар на „Ла Бомбоњера“.

Овој пријателски натпревар на Аргентинците е само продолжување на трендот на оваа селекција со изборот за селекции кои се послабо рангирани, Мавританија е 115. на ФИФА ранг-листата и во натпреварот против „Гаучосите“ ќе влезат со три порази во низа, Сенегал (4-0), Либија (1-0) и Кувајт (2-0).

Во подготовките за Мундијалот избраниците на Скалони треба да одиграат и уште еден пријателски натпревар кој ќе биде на 31 март, но противникот во тој термин дополнително треба да биде потврден.

Последните пријателски натпревари на Аргентина:

5-0 Естонија
3-0 Хондурас
3-0 Јамајка
5-0 Обединети Арапски Емирати
2-0 Панама
7-0 Курасао
2-0 Австралија
2-0 Индонезија
3-0 Ел Салвадор
3-1 Костарика
1-0 Еквадор
4-1 Гватемала
1-0 Венецуела
6-0  Порторико
2-0  Ангола