„Еј Анчелоти, а јас?“ (ВИДЕО)

Излезе видео од реакцијата на Нејмар кога виде дека не е на списокот на бразилската репрезентација за мартовските дуели.

Нејмар сака да игра со Бразил на Светското првенство, но досега нема добиено повик од Анчелоти. Ќе има уште една шанса за да се најде на списокот на Мундијалот.

Додека го масираа, Нејмар гледаше пренос од прес-конференција на Анчелоти на која го објавува списокот.

Анчелоти ги наброја напаѓачите, а меѓу нив не беше Нејмар, па тој интересно реагираше.

„Еј Анчелоти, а јас?“, рече Нејмар смеејќи се, а потоа даде и сериозна изјава.

„Беше соопштен составот на националниот тим. Јас не бев повикан. Јасно е дека сум разочаран. Тоа го кажав и вчера. Но, се е во ред, сега е време да продолжам да работам, да продолжам да напредувам во се. Ќе имам уште една шанса“.