Дали Ретклиф најави кој ќе биде тренер на Јунајтед наредната сезона?
Имено, Ретклиф кој се сретна со новинарите во Кина за време на настаните во Формула 1 беше запрашан за работата на Мајкл Керик кој го презема клубот како наследник на Рубен Аморим. .
„Тој одлично ја врши својата работа, да, апсолутно“, кратко одговори еден од сопствениците на гигантот од „Олд Трафорд“.
Сепак, тој не сакаше да потврди дали тоа значи дека ќе добие договор на подолг рок.
„Сега не е време да зборуваме за тоа“, порача Ретклиф.
Maнчестер јунајтед денеска го очекува натпревар против Астон вила кој е важен во борбата за четвртата позиција на табелата, дуелот е закажан за во терминот од 15:00 часот.