Грозданова чекор поблиску до Јувентус - ја следат и скаути од цела Европа!

Maкедонската фудбалерка Меланија Грозданова и понатаму е една од најследените млади фудбалерки во Европа, а според новинарот Руд Галети имало напредок и во ситуацијата со нејзиниот потенцијален трансфер во Јувентус.

Грозданова неодамна помина една недела во Торино каде што имаше можност да се запознае со тренерите и условите во клбуот и според Галети посетата поминала одлично и е само доказ дека патиштата на италијанскиот гигант и македонската фудбалска надеж наскоро може да се спојат.

Зад себе Грозданова има и добар настап за сениорската репрезентација за која во средбата против Андора во Битола на 17 години и 70 дена го постигна првиот гол во националниот тим.

Во овој момент Грозданова го носи дресот на тимот на Љуботен каде што е една од најважните во тимот.

Фото: Grozdanova Melanija MG7/FB