Подмладените кошаркарки убедливо совладани на гостувањето кај Данска! (ФОТО)
Против Данска во Скопје ја остваривме единствената победа, меѓутоа за овој дуел ситуацијата беше поинаква бидејќи селекторот Ашаданов не можеше да смета на неколку важни кошаркарки, меѓу кои и Анџелика Митрашиновиќ.
Во таква ситуација домаќинот доминираше од почетокт на средбата, а нашата подмладена селекција не успеа да се врати во дуелот откако на полувремето веќе губевме со над 20 поени (56-33).

Сликата не се промени и во продолжение разликата стануваше само поголема, па така прашање беше само конечниот резултат. Најефикасна кај нас беше Мерит ХЈемпе со 27 поени, а двоцифрена беше само уште Селчова која средбата ја заврши со десет постигнати поени.
Македонија по три натпревари во групата во која што се уште Грција, Хрватска и Данска има биланс од две победи и пораз.



