Дончиќ се разделува од својата партнерка, но сака да ги задржи ќерките - почнува правна битка!
Во вторникот „ТМЗ“ објави дека партнерката на Дончиќ поднела петиција во Калифорнија барајќи издршка за дете и судски трошоци, нешто за кое тој не бил свесен.
„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè на светот и направив сè што можев за да ги имам со мене во САД, но тоа не беше можно. Сè што правам е за нивна среќа и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им го дадам најдобриот можен живот“, рече Дончиќ во разговор за „ЕСПН“.
Дончиќ со својата партнерка се запознале уште многу млади, нивната врска почнува во 2016 година. Во јули 2023 година тој ја побарал за сопруга, а во ноември таа година ја имаат и првата ќерка Габриела. Нивната втора ќерка, Оливија била родена во декември 2025 во Словенија. Тогаш тој пропушти неколку меча за да се врати во својата земја и да ја види ќерката.
Но, според „ЕСПН“ за време на таа посета, Дончиќ и Анамарија имале расправија дотолку голема што таа барала интервенција од полиција. Тој сакал да ја земе поголемата ќерка со него во САД, но се вратил сам. Оттогаш не ги видел своите ќерки, а Анамарија неодамна ги избришала сите слики од него од нејзините социјални мрежи. Тие иако подолго време биле верени, никогаш не биле венчани.
Тој почнал правна постапка за старателство над двете ќерки иако мали се шансите тоа да се случи. Сепак тој отсекогаш го поддржувал семејството и ги плаќа трошоците на своите ќерки без ограничувања. Донќиќ има тригодишен договор со Лејкерс вреден 165 милиони долари. Платата за оваа сезона му е 45,9 милиони долари.