Несторовски ја доби куп пресметката против Трајковски, двајцата погодија од пенал!

Славен Белупо се пласираше во полуфиналето од Купот на Хрвтска откако по подобро изведување на пенали ја мина Локомотива, тоа беше дуел на македонските напаѓачи Илија Несторовски и Александар Трајковски, мечот во регуларниот дел заврши 1-1.

Несторовски ги одигра сите 120 минути за Славен Белупо, Трајковски во игра влезе во 72. минута.

Гостите поведоа со гол на Каменовиќ во првото полувреме, брзо во вториот дел домаќините израмнија.

По 90 минути беше 1-1, а тој резултат остана по продолжението од 30 минути, па пеналите го решаваа победникот.

Во пенал серијата погодија и Несторовски и Трајковски. Славен Белупо не реализираше еден пенал, а Локомотива промаши двапати, па домаќините беа тие кои се радуваа на полуфинале.