Вардар го скрши отпорот на Бутел и закажа дуел со Пелистер 2
Иако Вардар беше голем фаворит, сепак Бутел пружи сериозен отпор, посебно во првото полувреме, сепак во вторите 30 минути вардарци „додадоа гас“ и лесно ја завршија работата.
Најдобар во составот на Вардар беше Кеита со четири постигнати голови, меѓутоа се истакнаа и голманот Валах и Гогов кои заедничка собраа 14 одбрани. Киселовски кај Бутел четири пати ја погодуваше мрежата.
За место на завршниот турнир Вардар ќе игра против Пелистер 2 кој денеска претходно го совлада Мулти Есенс.