Ашковски три дена гладен и жеден во Иран, му летале бомби над главата: Ме спаси Асани!

Голготата на Стефан Ашковски при евакуацијата од Иран конечно заврши, а кој знае како ќе успеел да побегне од Иран, ако блиску до него не бил Јасир Асани, „детето на Вардар“, нашиот поранешен младински репрезентстивец кој е член на Естегал од Техеран и кој исто така се најде во таа земја во моментот на ескалацијата на воениот конфликт.

ИГОР КРСТЕВСКИ

Македонскиот репрезентативец го сретнавме на аеродромот во Истанбул, на враќање од Баку, каде што бевме со кошаркарите кои играа квалификациски натпревар. Беше среќен што не гледа, беше заедно со Асани, кој буквално го извадил од виорот на војната. Ексклузивно за Спорт1, раскажаа дел од голготата што ја преживеа... 

Ашковски до иранската граница успеал да стигне со возач кој го обезбедил Асани. Тој има статус на голема ѕвезда во Иран, па дури тројца возачи му биле на располагање од неговиот клуб. Инаку, двајцата кога почнала војната биле оддалечени 15 часа возење.

„Во последниот ден бевме далеку. Додека сум таму, имам три шофери од клубот, тие се на располагање 24 часа за нас“, вели Асани, кој кој сега настапува за сениорската селекција на Албанија.

Асани потекнува од школата на скопски Вардар, настапуваше и за младинските селекции на Македонија, но поради рамнодушноста и неамбициозноста на поранешното водство на ФФМ, реши да заигра за Албанија, каде што сега има една од поглавните улоги на теренот. Иначе, родум е од скопско Батинци. 

Цели три дена Ашковски ниту јадел, ниту пиел, во земјата сѐ било затворено, а не помагал ниту неговиот клуб, Мес Рафсајан. 

„Од Рафсајан до Техеран патував 15 часа, потоа од границата со авион до Истанбул. Низ Иран беше маката, Јасир ми помогна имаше негов возач, со него успеав. Секогаш кога играме во гости сме сместени во Техеран, го почнува своето сведоштво Ашковски.

Додека се возеле до границата поминал низ разни голготи. Од гледање бомби во живо, урнатини, немање никакви основни намирници за живот. На крајот имал проблем и со излезната виза, но за среќа, сѐ се решило. 

Напади имаше секаде, дури и во моја близина, тогаш само што почнаа. Немав јадено и пиено три дена. Гледав само како да излезам од државата, откако беше убиен нивниот водач (ајатолахот н.з) ништо не работеше, сѐ беше затцорено... Беше многу тешко, но сѐ добро се заврши. Сега едвај чекам дома да дојдам да спијам, малку да се одморам“.

Се обидел и да замине со странците кои настапувале во Персеполис, но и тоа било безуспешено.

„Кога се случи тоа бев оставен сам на себе, Јасир да не беше... Имаше и странци, но никој не мк помагаше - јас седам на улица, странците од Персеполис поминуваа со автобус, ги прашав дали може со нив, ми кажаа дека не може. Ова ќе ми биде едно големо искуство за во иднина“.

Сепак, за Иран како земја има убави зборови.

„Иран е убава земја и луѓето се коректни, кај нас има погрешен впечаток, друго е кога ќе отидеш таму кога ќе видиш и ќе почувствуваш како е. Не е сѐ луѓето како што кажуваат. Не се чувствуваше дека може да се случи нешто вакво.Тешко е многу, но сега сум среќен што патувам за Скопје“.