Стигна демант: Роналдо не побегнал од Саудиска Арабија (ФОТО)

Eдна од темите денеска во фудбалската јавност беше каде се наоѓа Кристијано Роналдо, бидејќи се појавија информации дека Португалецот ја напуштил Саудиска Арабија.

Голем број од светските медиуми пишуваа дека приватниот авион на Роналдо од 81 милион долари полетал во понеделникот вечерта од Ријад за Мадрид. Иако имаше потврда дека авионот на Роналдо навистина летал кон Европа, сепак не беше познато со сигурност дали Роналдо бил во него.

На крајот демантот стигна од Ал Наср кој на социјалните мрежи објави неколку фотографии од денешниот тренинг на кои се гледа како Роналдо тренира со соиграчите со што е јасно дека Португалецот сепак не побегнал од ситуацијата на Блискиот исток.

Во овој момент Ал Наср се бори за титулата во Саудиска Арабија и е лидер со 61 бод, два повеќе од Ал Ахли и три од Ал Хилал на третата позиција.