Гулит жестоко критикува: Денешниот фудбал е ѓубре, веќе нема уживање!
Гулит смета дека модерниот фудбал на гледачите не им носи забава и токму поради тоа тој престанал и да го гледа.
„Веќе не гледам фудбал, не уживам во нашиот спорт. Сега по подолго време го гледав дуелот Арсенал – Челси, какво ѓубре од натпревар. Гледам фудбалери кои се обидуваат да изнудат корнер или аут...фудбалот стана ужасен, се надевам дека нешто ќе се промени, ова за мене не е патот по кој треба да одиме“, порача Гулит.
Објасни Гулит и какви фудбалери според него недостасуваат.
„Сакам да видам играчи кои имаат желба да ја нападнат одбраната, некој како Јамал. Недостасува радост, не уживам гледајќи ваков фудбал, забава и игра има многу помалку. Сите извршуваат некакви задачи, каде се играчите кои дриблаа? Каде е се оние кои го имаа „она нешто“? Зошто сите само сакаат да кружат и да додаваат, тоа е досадно“, заклучи Холанѓанецот.