Нов рекорд: Викендов го имавме најбрзиот спринт во европскиот фудбал (ВИДЕО)

Нигерискиот фудбалер, Јира Сор кој го носи дресот на белигски Генк викендов постави рекорд во европскиот фудбал за забележан спринт на еден натпревар.

Откако постојат мерењата никој од него не трчал побрзо на натпревар во Европа, а освен тоа по спринтот тој успеа да постигне гол во триумфот над Гент со 3-0. Спринтот тој го направи во 92. минута кога го претрча целиот терен и достигна максимална брзина од 37.7 километри на час.

Претходниот рекорд го држеше Мики Ван де Вен од Тотнем кој во сезоната 2023/2024 во Премиер лигата забележа брзина од 37.38 километри на час.