Лудо дерби со шест гола на Олимпико: Јуве во 93. минута се спаси од пораз! (ВИДЕО)
Возбудливо беше особено во второто полувреме кога беа постигнати пет од шестте погодоци на натпреварот.
Рома дојде во водство со гол на Весли Франка во 39. минута, а никој не ни можеше да замисли што ќе се случува во продолжението од мечот.
По само две минути игра во вториот дел Консеисао израмни на 1-1 со фантастичен погодок од далечина, но веќе во 54. минута Ндика го врати водството на Рома, сега од 2-1.
Во 65. минута Мален погоди за предност на Рома и од 3-1. Многу од навивачите на римскиот клуб веќе почнаа да слават победа, но така не мислеа и фудбалерите на Јуве.
Течеше 78. минута кога Бога постигна гол и го врати Јувентус во живот.
Пред последниот судиски свиреж, во 93. минута од мечот, Гати најдобро се снајде во шеснаесетникот на Рома и погоди за конечни 3-3.