Возбудливо градско дерби во Севиља, Бетис пропушти два гола предност! (ВИДЕО)
Натпреварите меѓу Бетис и Севиља секогаш носат многу тензија и неизвесност, така беше и денеска.
Оние кои жалат се зелено-белите бидејќи имаа три бода во џебот, но ги пропуштија.
Бетис поведе со атрактивен гол на Антони во 16. минута, а во 37. минута Фидалго зголеми на 2-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
По 17 минути игра во вториот дел Санчез намали на 2-1 и ја врати Севиља во игра, а на пет минути до крајот Ромеро даде гол за израмнување на 2-2.