Роналдо го пропушта Светското првенство!?
Синоќа Ал Наср дојде до гостинска победа кај Ал Фајха од 3-1, меч во кој Роналдо промаши пенал, но и предвреме беше изваден поради повреда.
Самиот Роналдо во 80. минута сигнализираше кон клупата дека не се чувствува добро и побара да биде изваден.
Се работи за мускулна повреда, а тренерот Жорге Жесус изјави дека Португалецот ќе биде подложен на детални тестови по кои точно ќе се знае дијагнозата.
Има уште само три месеци до стартот на Светското првенство, па доколку се работи за посериозна повреда, Роналдо би можел да го пропушти Мундијалот. Тоа би било огромно разочарување за него.