Куманово ја победи Струга во дербито за опстанок!

Ракометарите на Куманово извојуваа многу значајна победа над Струга со која се борат за опстанок во македонската Суперлига, кумановскиот тим славеше убедливо со 30-20.

Мечот тргна изедначено, се играше гол за гол во првите 20 минути. Беше 8-8 кога се случи една голема серија од 5-0 за Куманово по која домаќините заминаа на одморот со водство од 13-8.

Во второто полувреме Куманово не само што го задржа водството туку успеа да го зголеми за уште пет гола и на крајот да слави со убедливи 30-20.

Со оваа победа Куманово има девет бода, два повеќе од Стурга која е претпоследна на табелата. Радовиш сигурно ќе испадне од лигата, а тој над нив ќе игра бараж со вториот од Прва лига. Засега тоа се стружани.