Фудбалот се менува - два европски великани ќе се борат за опстанок!

Дел од гигантите кои минатата сезона изгледаа семоќно, во оваа не се ни бледа сенка од тоа што биле, светот оди во нов правец, нови екипи ја преземаат власта.

Примерите кои се актуелни во овој момент ни доаѓаат од Романија и Данска.

Романскиот гигант Стеауа кој е банител на титулата во оваа земја, не успеа да влезе во плејофот од оваа сезона, па до крајот им останува битката за опстанок во лигата.

Речиси идентична е ситуацијата и во Данска. ФК Копенхаген кој исто како и Стеауа е бранител на трофејот, ќе се бори за опстанок. Големиот дански клуб ќе игра во плејаутот.

Романија и Данска ќе добијат нови шампиони. Најблиску до трофејот во романскиот шампионат е Универзитатеа Краковија, а кај Данците лидер е Архус.