Неверојатно: Флик го надмина Гвардиола на кормилото на Барселона!

Барселона успеа да триумфира против Виљареал, а оваа победа му помогна на тренерот Ханси Флик да го надмине поранешниот стратег на Каталонците, Пеп Гвардиола.

Флик во моментов има поголем процент на победи од Гвардиола на кормилото на лидерот во шпанската Ла Лига.

Германецот има 75 отсто победи на тренерското столче, додека Гвардиола е зад него со 72,5 проценти.

Фото: Facebook/FC Barcelona