Победата со Луксембруг во Скопје е веќе зад нас, кошаркарите сега се подготвуваат за нов предизвик, Азербејџан со кого ќе играме утре на гостински терен.

Утрово избраниците на селекторот Баркола го одработија и единствениот тренинг во „Спортската палата“ во Баку пред утрешниот дуел. Натпреварот против Азербејџан го играме во терминот од 17:00 часот и во него влегуваме како фаворити, меѓутоа таа улога ќе треба да ја оправдаме и на теренот.

Натпреварот го дочекуваме како лидери во групата со три победи од исто толку одиграни натпревари, а претходно на отворањето на квалификациите, Азербејџан во Скопје го победивме со убедливи 87-49.