Екс-фудбалер на Интер преживеал драма во Дубаи - со семејството побегнал во подрум!
Аеродромот во Дубаи беше погоден од дрон, а исто така и неколку луксузни хотели, па Д'Aмброзио нема начин да се врати во Италија. Тој од Дубаи се вклучи во програма за „Скај Спорт“ каде што зборуваше за драматичните моменти кои ги преживеал со своето семејство.
„Избегавме во куќа на пријатели, затоа што ни советуваа да не остануваме во одредени објекти. До пред неколку часа ситуацијата беше прилично мирна, а потоа се огласи аларм и се симнавме во подрум. Требаше утре да тргнеме, но аеродромот е затворен. Нема целосна паника, веќе неколку часа сме во овој подрум, но сигурно не е лесно, особено за оние што не се навикнати на вакви околности. Сега е два часот по полноќ и сè уште сме тука, без можност да излеземе“, изјави Д’Амброзио.
Во кариерата Д’Aмброзио покрај Интер играше уште за Монца, Торино, Јуве Стабија и Потенца.