Евролигата во проблеми: Откажан еден натпревар, два се под голем знак прашалник!

Поради новите ракетни напади низ Блискиот Исток, Евролигата беше принудена да откаже еден натпревар од 21. коло, додека уште два се под сериозен знак прашалник.

Израел, со поддршка од САД, изврши напад врз Иран, кој возврати со бомбардирање не само на израелска територија, туку и на американски бази во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Ирак. Новата ескалација на конфликтот неминовно се одрази и врз спортските случувања.

Така, Евролигата го откажа натпреварот од 21. коло меѓу Хапоел Тел Алвив и Париз кој требаше да се одигра во вторник, на 3 март во Тел Авив. Новиот термин ќе биде дополнително одреден.

Иако сè уште нема официјална одлука, најверојатно истата судбина ќе ја доживее и пресметката меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Тел Авив, закажана за 6 март, исто така во Тел Авив.

Под знак прашање е и дуелот меѓу Партизан и Дубаиl, кој треба да се одигра на 5 март. Во моментов воздушниот простор над Обединетите Арапски Емирати е блокиран, па неизвесно е дали кошаркарите на тимот од Дубаи ќе можат да допатуваат во Белград за натпреварот.