Кога го нема Халанд, тука е Семењо - гостинска победа за Сити! (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 1-0 победи на гостувањето кај Лидс и освои три многу важни бодови во трката по шампионската титула која ја води со Арсенал.

Пеп Гвардиола за денешниот меч не можеше да смета на својот најдобар стрелец, Ерлинг Халанд кој беше отсутен поради повреда, но и покрај тоа Сити ја оствари целта.

Зимското засилување Семењо уште еднаш се покажа како важен играч, овојпат погоди во судиското продолжение од првото полувреме за водство на Сити од 1-0.

На крајот тоа се покажа и како конечен резултат.

Манчестер Сити има само два бода помалку од Арсенал, двата тима водат исклучително интересна битка за шампионската титула.