Хап: Игравме силно, ги исполнивме целите и остваривме голем триумф!
Итан Хап по натпреварот кажа дека новиот селектор Жосеп Марија Берокал успеал да направи одлична работа со подготовките цела недела, а на крајот успешно ги исполниле целите.
„Игравме силно, тренерот направи одлична работа со подготовките цела недела, асистентите исто така, но најважно е што ние ги исполнивме целите. Секој поен е важен, но најважно е што победивме. Луксембург е добар тим, а ние имаме нов селектор и сè уште се обидуваме да се вклопиме на неговата филозофија, а имавме само четири заеднички денови за подготовките. Имавме големи падови, а за да се победат поголеми репрезентации, мора да играме на исто ниво 40 минути. Овој тим има голем талент, Андреј Јакимовски не беше тука минатиот пат кога играв, неговото присуство е од големо значење и навистина е значаен дел од овој тим“, рече Хап.
Македонија следниот меч го игра в понеделник против Азербејџан и со триумф ќе се приближи кон пласман во следната фаза.