Најлошиот тим во Премиер лигата ја „нокаутира“ Астон Вила (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вулверхемптон го запишаа вториот триумф оваа сезона во Премиер лигата, откако триумфираа со 2-0 против Астон вила во 28. коло од шампионатот.

Астон вила влезе во натпреварот како апсолутен фаворит, но не успеа да ја пробие одбраната на најлошиот тим во англиското првенство, по што стигна казната во 61. минута преку Жоао Гомеш.

Во завршницата од мечот Вулверхемптон постигна и втор гол, и тоа преку Родриго Гомез за конечни 2-0.

Вулвс е на последната позиција со 13 бодови, додека Астон вила остана на третото место со 51 поен.

Фото: Facebook/Wolverhampton Wanderers FC