Реал Мадрид остана без една ѕвезда за осминафиналето во ЛШ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) не може да смета на еден од најдобрите фудбалери Џуд Белингам.

Англискиот репрезентативец сè уште е повреден и ќе биде надвор од составот за двомечот против Манчестер сити.

„Кралевите“ и „граѓаните“ најпрво ќе се соочат на 11 март од 21 часот, а реваншот е шест дена подоцна во истиот термин.

Фото: Real Madrid/Facebook