Хап: Игравме силно, ги исполнивме целите и остваривме голем триумф!

Македонските кошаркари вечерва триумфираа против Луксембург (79-70) во салата „Градски Парк“ и остварија важна победа во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2029 година.

Итан Хап по натпреварот кажа дека новиот селектор Жосеп Марија Берокал успеал да направи одлична работа со подготовките цела недела, а на крајот успешно ги исполниле целите.

„Игравме силно, тренерот направи одлична работа со подготовките цела недела, асистентите исто така, но најважно е што ние ги исполнивме целите. Секој поен е важен, но најважно е што победивме. Луксембург е добар тим, а ние имаме нов селектор и сè уште се обидуваме да се вклопиме на неговата филозофија, а имавме само четири заеднички денови за подготовките. Имавме големи падови, а за да се победат поголеми репрезентации, мора да играме на исто ниво 40 минути. Овој тим има голем талент, Андреј Јакимовски не беше тука минатиот пат кога играв, неговото присуство е од големо значење и навистина е значаен дел од овој тим“, рече Хап.

Македонија следниот меч го игра в понеделник против Азербејџан и со триумф ќе се приближи кон пласман во следната фаза.