Важна победа за Славен Белупо: Несторовски со прекрасен гол ѝ пресуди на Истра (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски беше човекот кој му донесе три бодови на Славен Белупо во пресметката со Истра (1-0).

Несторовски во 64. минута доби одлична топка во казнениот простор на Истра, по што без проблеми ја испрати топката во мрежата на гостинскиот тим.

Славен Белупо со оваа победа се искачи на третата позиција во хрватската лига и најави борба за позициите кои водат во Конференциската лига.

Голот на македонскиот интернационалец може да се погледне ТУКА.

Искусниот голгетер со овој погодок стигна до 39 голови во хрватскиот шампионат на 75 одиграни натпревари.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/NK Slaven Belupo