Стразбур го „сопна“ Ланс и му направи услуга на ПСЖ

ПСЖ останува лидер во Лига 1 благодарение на Стразбур кој ремизираше против Ланс (1-1) во 24. коло од францускиот шампионат.

Стразбур по само 18 минути го отвори резултатот и погоди преку Паникели за водство од 1-0, додека Ланс успеа да го обезбеди бодот преку Сангаре во 62. минута од натпреварот.

Ланс со ова реми стигна до 53 бодови и остана за лидерот ПСЖ кој има еден поен повеќе.

Фото: Facebook/Racing Club de Strasbourg Alsace