Светскиот и европски шампион на колена: Хрватска ја шокира Германија!
Двете екипи имаа добри и лоши моменти во првата четвртина, а Германците поведоа со 26-20 по воведните 10 минути. Гостите ја контролираа играта и во вториот дел, па на полувреме заминаа со 50-46.
Хрватска успеа да направи пресврт во третата четвртина, по што следеше драматична завршница и триумф на домашниот состав со 93-88.
Дарио Шариќ со 23 поени ги предводеше Хрватите до триумф, додека Марио Хезоња додаде 21 поен.
Фото: Hrvatski košarkaški savez/Facebook