Пелистер го декласира Тиквеш на стартот на плејофот во Суперлигата

Актуелниот македонски шампион Пелистер славеше со 43-24 против Тиквеш на стартот на плејофот во ракометната Суперлига.

Тиквеш даде отпор само во воведниот дел во салата „Јасмин“ (7-8), по што битолчани ја преземаа контролата и на полувреме заминаа со убедливи 21-14.

Кавадарчани целосно се „загубија“ на теренот во второто полувреме, а тоа го користеше Пелистер кој продолжи да ја полни мрежата на домаќинот до конечни 43-24.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дејан Манасков со шест голови, додека Богдан Мијушковиќ постигна шест погодоци за Тиквеш.