До Аморим било: Шешко со Керик гази - бројките се неспоредливи!

Бенјамин Шешко летово пристигна како големо засилување во Манчестер јунајтед, но никако не успеваше да ја пронајде вистинската форма додека клубот го водеше Рубен Аморим.

Имено, со Аморим на клупата изгледаше дека Шешко ќе биде големо промашување за „црвените ѓаволи“, а кога дојде Керик ситуацијата целосно се промени. Имено, словенечкиот голгетер под водство на Аморим на 17 натпревари постигна само два гола што сигурно е премалку.

Откако португалскиот стратег замина и Керик го наследи како привремен менаџер, Шешко веќе постигна шест гола и тоа на само седум натпревари.

Но, не само Шешко со Керик и целиот тим на Јунајтед игра подобро, тој од преземемањето на тимот не знае за пораз и Јунајтед сега е четврти со 48 бода, два помалку од Астон вила и три повеќе од Челс ии Ливерпул