Димитријевиќ помеѓу најефикасните кај Баерн во дебаклот против Реал
Германците вечерва не успеаа да им парираат на расположените домаќини кои доминираа на паркетот од почетокот до крајот и многу брзо дојдоа до двоцифрена предност уште кон крајот на првата четвртина (17-6). Но, сепак до крајот на овој период Баерн намали на 19-12.
Но, таа игра кај Баерн траеше само краток, Реал во втората повторно почна да доминира и на пауза замина со огромни 20 поени разлика (53-33).
Ништо не се промени ниту по враќањето од одморот, Реал сигурно ја чуваше предноста која најмногу одеше до 32 поени (85-53). На крајот гостите се изборија барем малку да го ублажат дебаклот.
Димитријевиќ со 11 поени беше помеѓу најефикасните играчи на Баерн, додавајќи уште три скока и четири асистенции. Најефикасен беше неговиот соиграч, Американецот, Џесуп со 17, додека Хезоња уфрли 16 поени.
На останатите средби, Париз го изненади Панатинаикос со 104-99 на гости, Валенсија кај Басконија славеше со 108-79, а Хапоел на свој терен славеш над Олимпија Милано со 92-86.