Пирова победа за Фенербахче, Нотингем слави осминафинале (ВИДЕО)

Фудбалерите на Нотингем форест доживеаа пораз во натпреварот против Фенербахче до 2-1, но и така изборија место во осминафиналето од Лигата на Европа бидејќи во првиот дуел славеа со 3-0.

Фенербахче тргна добро во натпреварот на Островот и Актуркоглу по 22 минути ги доведе во водство и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Одличен старт за турскиот гигант имаше и второто полувреме, истиот фудбалер од пенал се погрижи за 2-0.

Но, гостите тука како да застанаа и веќе не напаѓаа како до тој втор гол, тоа домашниот состав го искористи и со голот на Хадсон-Одои намали на 2-1, резултат кој се покажа и како конечен.

Од остантите средби Болоња се пласираше во следната фаза против Бран, Селта беше подобра од ПАОК, додека Динамо со триумф од 3-1 се изборија за продолженија против Генк.