Динамо има за што да жали - стигна до продолженија и застана! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо Загреб по продолженија беа елиминирани од Генк во плеј-офот од Лигата на Европа.

Генк со предност од 3-1 го дочека натпреварот, но Динамо денеска со многу подобро издание успеа таа негатива да ја надополни и да слави со истиот резултат во регуларните 90 минути.

Баркар го отвори резултат во финишот од првиот дел, Сор израмни на стартот од вториот, но во продолжение Стојковиќ со два гола го однесе дуелот во продолженија.

Сепак, таму Динамо како да загуби сили, прво Перез Винолф си постигна автогол, а потоа стрелаше и Хејманс за 3-3.