Фудбалерот кој ќе загинеше во сообраќајна несреќа најде нов клуб
До крајот на сезоната тој ќе го носи дресот на катарскиот Ал Саили каде што во првенството преостануваат само уште шест кола до крајот на сезоната.
Антонио е без настап на официјален натпревар од декември 2024 година, кога доживеа тешка сообраќајна несреќа. Тој со своето ферари тогаш удри во дрво и се здоби со повеќе скршеници.
Во изминатиот период беше поврзуван со неколку клубови од Чемпионшип, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Катар од каде што веројатно доби подобра финансиска понуда.
Неговиот камбек на клупската сцена веројатно значи и враќање во репрезентацијата на Јамајка, која ја очекува дуел со Нова Каледонија за пласман на Мундијалот во САД наредното лето.
Michael Antonio involved in a car crash accident. Get well soon 🙏 pic.twitter.com/Php8Vtwizk
— iSpreadCheeks (@YShmateo) December 7, 2024