Најголемите спортски имиња од регионот ве канат на Спортските игри за млади 2026! (ВИДЕО)

За првпат во Македонија ќе се одржат Спортските игри за млади кои ги обединуваат дечињата од Балканот, покровител е Министерството за спорт на нашата земја.

Игрите ги најави легенди од Балканот како што се Жељко Обрадовиќ, Славен Билиќ, Горан Иванишевиќ...

 

 

Игрите ќе се реализираат од април до јуни 2025 година. Натпреварите ќе се одвиваат во 10 спортови – мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах и атлетика (трки на 60 метри и граница), за момчиња и девојчиња. 

Со приклучувањето кон „Спортските игри за млади“, Македонија станува дел од регионалното спортско семејство во кое веќе членуваат Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.