Престијани со еден лајк на Инстаграм предизвика бура од реакции! (ФОТО)

Џанлука Престијани поради суспензија не играше на вчерашниот меч меѓу Реал Мадрид и Бенфика, но денеска повторно е во центарот на вниманието.

Играчот на Бенфика, Лопез Кабрал го побара дресот на Винисиус Жуниор по крајот на вчерашниот меч.

Критики за него дојдоа од сите страни, а најмногу внимание привлече реакцијата на Престијани кој лајкна еден пост против својот соиграч, Кабрал.

„Само што заврши мечот и тој одма побара дрес од Винисиус… цела недела сме критикувани од сите поради тој плачко и лажливец, и прва работа што тој направи по последниот свиреж, е да го побара неговиот дрес“, гласи објавата која ја лајкна Престијани.

Реакцијата на Аргентинецот предизвика големо внимание на социјалните мрежи.